Актерката Шарлиз Терон имаше свое обраќање на неодамна одржаниот традиционален хуманитарен настан Life Ball во Виена, и очекувано и овојпат воодушеви со својот изглед.

Секогаш непретенциозна, таа е една од оние холивудски актерки која благодарение на својата природна убавина и ненаметлив шарм, е невозможно, а да не ја забележите.

За овој настан таа одбра вистинско ремек дело од фустан со потпис на Живанши од нивната „haute couture“ едиција.

Уметноста на Рикардо Тишти совршено и’ прилега на долгоногата актерка. Се работи за мини фустан со впечатлив дезен , што дополнително ги истакнува нејзините долги нозе. Дополнителен ефект дава и транспарентната мрежа врз фустанот, која пак е со макси должина.

 

 

Објавено:
20 мај 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот