Шарлиз Терон е вистинска божица во Кан

21 мај 2016

Oскаровката Шарлиз Терон вчеравечер беше во фокусот на вниманието на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал.

Имено, на претставувањето на филмот „The last face" во кој ја игра главната улога, Шарлиз пленеше со својата појава на црвениот килим. За вечерта одбра луксузно црно „haute couture" одело од Диор.

Нејзиниот елегантен изглед беше надополнет со едноставна фризура – пунџа, луксузна огрлица со дијаманти и софистицирани Лубутан чевли на висока потпетица.
Одмерен, впечатлив и совршен избор за оваа манифестација.

Објавено:
21 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.963 пати