Ретроспектива на највпечатливите фустани носени на доделувањето на Оскарите

25 февруари 2014

Непишано правило е дека секоја дама која ќе се појави на црвениот килим треба да изгледа гламурозно и величествено, но сепак само неколку од нив имаат стајлинг за паметење!

Некои од дамите кои се дел од оваа листа важат за неповторливи модни икони, кои воодушевиле со секоја своја појава. Незаборавната Грејс Кел засекогаш ќе биде запаметена по тоалетата од Едит Хед која ја носеше три пати по ред на различни настани, Џулија Робертс со винтиџ фустанот од Валентино, Никол Кидман во креација на Џон Галијано, а за останатите погледнете во продолжение.

Мерилин Монро во 1951 година носеше гламурозен црн фустан од црн тул.

Грејс Кели во 1955 година доби Оскар за улогата во филмот „The country girl“, а се појави во светло син фустан од сатен од дизајнерката Едит Хед, кој првенствено бил наменет за премиерата на филмот.

Ума Турман во 1995 година беше номинирана за улогата во филмот „Pulp fiction“, а за настанот носеше фустан со едноставен крој од Прада.

Никол Кидман ќе биде запаметена по долгиот фустан во златна нијанса со цветни детали на горниот дел од Кристијан Диор, кој го носеше на црвениот килим во 1997 година.

Гвинет Палтроу за фустанот од Ралф Лорен кој го носеше во 1999 година изјави – „Се што сакав беше да изгледам слатко“. А од изгледот на тоалетата можеме да дојдеме до заклучок дека желбата и била исполнета.

Кејт Бланшет секогаш изгледа величествено, а колку само за споредба на денешниот изглед со оној од 1999 година, ја избравме токму оваа фотографија каде актерката носи фустан од Џон Галијано со гол грб и цветни детали по краевите, за кој Кејт истакнала дека бил комфорен за носење.

Рене Зелвегер во 2001 година на доделувањето на Оскарите се појави во фустан во винтиџ стил, жолта нијанса од Жан Десес

.

Џулија Робертс во 2001 година доби Оскар за улогата во „Ерин Бокович“, а на манифестацијата се појави во драматичен фустан од Валентино, кој бил дел од колекцијата на модната куќа во 1982 година.

Шарлиз Терон во 2000 година носеше фустан во портокалова нијанса од Вера Ванг кој одлично ја истакна нејзината прекрасна телесна структура.

Кејт Винслет во 2002 година беше номинирана за улогата в филмот „Iris“,  а за оваа пригода се одлучи за фустан во црвена нијанса со детали кои поминуваат низ едното рамо од Бен деЛиси.

Риси Витерспун во 2002 година на доделувањето на Оскарите беше решена да привлече големо внимание, а тоа успеа да го направи со гламурозниот црн фустан од модната куќа Валентино.

Камерон Дијаз во 2002 година воодушеви во фустанот со цветен принт од Емануел Унгаро и со ѓердан со индијански мотиви од Фред Лејгтон.

Џенифер Гарнер во 2004 година носеше фустан од Валентино за кој беа потребни  300 часови да се изработи.

Бијонси во 2005 година носеше црн фустан од кадифе од модната куќа Версаче.

Хилари Сванк за потребите на улогата во филмот „Million dollar baby“ мораше да го доведе телото до совршенство, а тоа најдобро се виде од фустанот со гол грб од Guy Laroche.

Кира Најтли во 2006 година на црвениот килим се појави во драматичен фустан, во форма на сирена и во бордо нијанса од Вера Ванг.

Мишел Вилијамс во 2006 година за фустанот се одлучи недела дена пред Оскарите, а изборот падна на тоалета од Вера Ванг, во впечатлива жолта нијанса, изработен од свила и шифон. Изгледот го збогати со дијаманти од Фред Лејгтон.

Џенифер Лопез во 2007 година беше презентер на Оскарите и за тој повод се одлучи за фустан од Маркеза со кристали, во кој изгледаше каков божица.

Марион Котилард во 2008 година за Оскарите сакала да носи едноставен фустан, но Жан Пол Готје имал поинаква визија за неа и сакал сите да ја видат женственоста во неа со впечатливата тоалета во сирена форма со V  деколте.

Индиската актерка Фрида Пинто во 2009 година носеше креација на Џон Галијано која всушност беше спој на традиционалната облека од нејзината земја – сарито во една модерна верзија. Изгледот беше збогатен со накит, дијамант стар 150 години.

Ен Хетавеј во 2009 година блескаше како вистински бисер во креацијата од Џорџо Армани.

Сандра Булок во 2010 година привлече внимание на црвениот килим со фустанот од Маркеза во сребрена нијанса, кој ја истакна нејзината совршена телесна структура.

Мила Кунис во 2011 година на црвениот килим се појави во фустан од линијата за висока мода од Ели Саб. Бајковитата креација од шифон беше полн погодок за овој настан.

Анџелина Џоли во 2012 година се појави во фамозниот црн фустан од кадифе од Версаче, со длабок шлиц кој беше вистинска интернет сензација. Изгледот го надополни со накит од Neil Lane, Џејми Маскаро чанта и чевли со отворн прст од Салваторе Ферагамо.

Гвинет Палтроу во 2012 година се појави во едноставен, но впечатлив свилен фустан од Том Форд во бела нијанса.  Изгледот го надополни со дијаманти од Anna Hu Haute Joaillerie и чевли од Џими Чу.

Џенифер Лоренс во 2013 година на црвениот килим се појави во впечатлива креација на Диор со волуменозен долен дел, металик чанта од Роџер Вивиер, дијамантски обетки и дијамантски прстен.

 

Објавено:
25 февруари 2014
Категорија: 
Сцена