10 најдобри ред карпет моменти на Кира Најтли

17 мај 2013

Покрај тоа што одамна е докажана во филмскиот свет, глумицата е успешна и во позирањето на црвениот тепих.

1. На премиерата на филмот „Гордост и предрасуди” во Лондон, Кира се појави во долг виолетов фустан со светката лента боја старо злато на делот на градите. За нејзиниот стил на грчка божица се погрижи Метју Вилијамс.

2. На доделувањето на Златните глобуси таа ја започна успешната соработка со модната куќа Валентино, а на црвениот тепих се појави во елегантен бел фустан без прерамки.

3. На доделувањето на Оскарите во 2006 година, Кира пристигна како една од номинираните за најдобра женска улога во филмот „Гордост и предрасуди”, а носеше custom – made креација на Вера Ванг. Раскошната креација на едно рамо во костенлива боја денес се смета за едно од најдобрите оскаровски изданија, а Кира ја донираше за хуманитарни цели.

4. На забавата по доделувањето на Оскарите глумицата се појави во едноставен црн фустан со тенки прерамки, а до израз дојде ланчето во подрачјето на деколтето.

5. Се до 2011 година Кира се посвети на работата во театарот и поретко се појавуваше на црвениот тепих. Но за потребата од промоција на филмот „Опасна метода” на филмскиот фестивал во Венеција актерката ги фрли фармерките и џемперот и се трансформира во принцеза, благодарение на бајковитиот фустан на Валентино.

6. На гостувањето во едно американско тв шоу Кира Најтли се појави во краток фустан на Валентино со цветни апликации и сандали со тантела.

7. По Венеција, Кира замина на филмскиот фестивал во Торонто каде на црвениот тепих се појави во креација на Ели Саб. Фустанот беше со цветни апликации, праска боја, а на нозете носеше сандали беж боја.

8. На премиерата на филмот „Опасна метода” во Лондон логично глумицата избра да носи фустан на домашен дизајнер. Овој пат за нејзиниот изглед се погрижи Роксандра Илинчиќ, со тоа што актерката на црвениот тепих се појави во фустан црно бела комбинација со црни сандали со ремени.

9. На последната промоција на филмот „Опасна Метода”, Кира блесна во прекрасен фустан на Бурбери. Фустанот беше долг, во боја на костен со црна панделка на струкот, суптилни изрази во делот на деколтето и на грбот.

10. На филмскиот фестивал во Лос Анџелес Кира повторно ја обнови соработката со модната куќа Валентино, а за оваа пригода носеше рачно изработен фустан, комбинација од свила и тул, а изгледот го надополни со плетенка на косата и црвен украс.

Објавено:
17 мај 2013
Категорија: 
Сцена