Тренди: Комбинирајте бели патики во секој ваш стајлинг!

1 јуни 2015

Тие се удобни, кул и можете да ги носите со сѐ што ќе посакате! Белите патики се дел од стајлингот на речиси секоја стрит стајл ѕвезда, а тие се парчето што и вие морате задолжително да го имате во вашиот плакар.

Иако тие се супер едноставни, оставаат шик впечаток во речиси секој стајлинг што ќе го одберете, а особено во оние соодветни за пролената сезона исполнета со лесни парчиња.

Неодамна, на модната недела во Париз, светски познатата блогерка Кјара Ферањи направи еден од можеби најхрабрите стајлинзи, комбинирајќи жолт фустан од тантела со едноставни бели патики и изгледаше одлично!

И додека студената сезона вистински хит беше комбинацијата на овие патики со капут во крем боја, оваа сезона дефинитивно на пиедестал се храбрите летни комбинации со едноставните бели патики.

За инспирација за модерни комбинации со патики, погледнете ги фотографиите во нашата галерија!

Објавено:
1 јуни 2015
Категорија: 
Тренд