Манекенките од уличната „писта“ во Њујорк

12 февруари 2014

Веќе ни е познато дека манекенките сакаат да се чувствуваат комфорно додека се подготвуваат за големите ревии на писта, каде имаат должност да бидат во  дизајнерско „пакување“. Во актуелните денови од њујоршката модна недела, тие често се мета на фотографите кои неуморно ги овековечуваат сите моменти поврзани со ова големо случување. Па така, секој нов ден од модната недела е прилика за манекенките да позираат и на улица, кога доаѓаат и си одат од Линколн центарот каде се одржуваат ревиите. Лежерната спортска облека е на пиедестал за нив, хаотичните слоевити комбинации, задолжителните патики кои ги носат во секакви комбинации, мото јакните, чизмите Мартинс, но високите потпетици како важен аксесоар кој не ги заморува па ги носат и на улица.

Каролина Куркова Каролина Куркова

За разлика од оние што ја преферираат лежерноста, манекенките Џесика Харт, Џоан Смајлс и Каролина Куркова го користат секој момент за стајлинг со високи потпетици. Во продолжение погледнете ги храбрите комбинации на манекенките од улиците во Њујорк.

Објавено:
12 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија