Забранета реклама на Сен Лоран

3 јуни 2015

7a30b9e0336745b5a3c9a8fb0c4e0f0c_840_472

Рекламата на модната куќа Сен Лоран за парфемот Black Opium, објавена во магазинот Elle, е цензурирана. Како пренесуваат медиумите, причината е најмувањето на модел кој изгледа нездраво слабо. Британската агенција за стандарди го прогласи таквото однесување на познатата модна куќа за неодговорно.

„Поради осветлувањето користено на сетот, преголем акцент се става на слабите нозе на моделката и ковчестиот граден кош, поради што девојката изгледа мошне нездраво и во јавноста праќа погрешна порака“, се вели во нивното соопштение до јавноста.

1779_840_472

Од магазинот Elle сè уште нема коментар, а постојат шпекулации дека од модната куќа не се согласуваат со забелешката, иако официјално соопштение исто така уште нема.

Но, ова не е единствен случај. Неодамна британската агенција упати забрана и до кампањите на Миу Миу и Том Форд. Оттаму велат дека моделите мора да ги задоволат здравствените стандари, инаку во спротивно ќе има уште многу вакви забрани.

Инаку, моделот во кампањата на Сен Лорен е Кики Вилиемс, а креативниот директор на куќата, Хеди Слиман овој пат застана зад објективот.

Објавено:
3 јуни 2015
Категорија: 
Актуел