Пролетни тренди фустани од Елена Лука

3 јуни 2015

Модната куќа Елена Лука ни го разубавува и ова лето со нови, трендовски дизајнерски парчиња. Овој пат, престижниот моден бренд ни понуди голем избор на фустани и здолништа во различни кроеви, должини и конфекциски броеви наменети за префинети дами кои сакаат да внесат автентичен дизајнерски печат во својот изглед.

Впечатлива е играта помеѓу црната и белата боја и геометриските форми, што резултира со ултра модерни креации што лесно може да се комбинираат како во вашиот дневен, така и во вечерниот стил.

Забележуваме варијанти на миди и макси фустани и здолништа што се особено актуелни оваа сезона, а перфектно се комбинираат и со ниски чевли и со високи потпетици.

Инаку, во продажниот салон на Елена Лука во Skopje City Mall во тек  се големи попусти на сите парчиња изложени таму и истите ќе траат еден месец, односно до први јули.

Објавено:
3 јуни 2015
Категорија: 
Тренд