Борба на светот на бајките и реалноста

5 јуни 2015

Medi-f2

Осумнаесетгодишната Меделин Стјуарт од Австралија неодамна одлучи да стане модел. Приказната се рашири во дел од тамошните и неколку светски медиуми, а младата Меди, секојдневно добива пораки и поддршка од различни страни на светот.

Вели, таа сака што е посебна и се разликува од другите девојки што сакаат да станат дел од модниот свет. Имено, Меделин има Даунов синдром, но и големи сништа, за кои вредно работи да ги оствари.

Но, оваа симпатична девојка е инспиративна и во друг поглед. Со помош и поддршка на нејзината мајка Розана, Меди успеа да ослаби 20 килограми. Самодовербата со која се здобива после тој подвиг ја инспирирала да си ја проба среќата во светот на модата.

down-syndrome-model-madeline-stuart-australia-15

Имено, во процесот на слабеење, Меделин покрај тоа што се мерела истовремено и се фотографирала, со што можела уште подобро да ја воочи разликата, а воедно и да ги вежба позите.

Пливање, танц, вежбање сега се нејзиниот стил на живот. Насмевката не ја симнува од лице, а уште една причина за тоа е соработката со компанијата Living Dead. Тие со гордост истакнувааат дека соработуваат со модели со различна телесна градба, па неодамна започнале соработка и со младата Меделин.

Medi-f1

-Лицата со Даунов синдром можат да направат што и да посакаат, само тоа го прават со свое темпо. Дајте им шанса и ќе бидете наградени многу повеќе од тоа што сте можеле да очекувате. Мислам дека е време луѓето да разберат дека личностите со Даунов синдром можат да бидат убави и секси  - порачува мајката на Меделин.

И додека од едната страна светот бруи за Кејтлин (Брус) Џенер, за тоа колку ќе заработи од неговата трансформација, кој ќе ја направи неговата прва модна кампања, филм, книга и што уште не, од другата страна на светот, ова девојче силно се труди да направи промена. Не само лична, туку и општествена.

nova

Не велам дека чекорот на Брус Џенер е мал, ниту пак незначаен, но со оглед дека преминува во претерана комерцијализација и материјализација, ја губи пораката колку е важно да се чувствуваш добро во сопствената кожа и тоа да го признаеш пред целиот свет. Неговото или веќе нејзиното олеснување и започнување нов живот премина во сензационализам, посакуван, или не.

И како што веројатно Кејтлин Џенер е херој за една група луѓе, така оваа млада Меделин е херој на една друга, не помалку запоставена, не помалку ставена на маргините.

down-syndrome-model-madeline-stuart-australia-20

Но, никој не прашува дали некој од светските модни брендови ќе ја забележи Меделин, дали навистина би можела да доживее кариера како модел, што претставува тоа за неа вистински (освен што е остварување на сон). Кај Меделин не се споменуваат пари, во фокус е една искрена, човечка порака, дека секогаш можете да ги надминете границите, дека можете повеќе од тоа што можеби ви кажале. Меделин е олицетворение на она дека треба да сонувате големи сништа.

Ако гледаме во споредба со нашава ситуација тука, разликите се преголеми. Лицата со Даунов синдром ги мачат основни проблеми – превоз, социјализација, образование. Поставени се комплетно на маргините и веројатно стравуваат да сонуваат.

down-syndrome-model-madeline-stuart-australia-6

Сепак, се надевам дека фактот дека таму некаде постои некој ист како нив, што успеал да воведе промена, ќе биде мотивација и инспирација за некои што можеби ќе бидат херои тука. Токму затоа и ја споделив нејзината приказна.

Всушност, секој нека ја пронајде својата. Дали е Кејтлин, Меделин или вашиот сосед, колега, другар, родител, најдете нешто што ќе ве инспирира и ќе ве натера да си ја остварите амбицијата.

Проблемите во Македонија се со длабоки корени. Тоа што кај нас го гледаме како „во светот на бајките“, некаде е реалност. Но и една насмевка предизвикана од мечта, желба, инспирација или поттик дека може и поинаку, може да значи многу.

down-syndrome-model-madeline-stuart-australia-2

down-syndrome-model-madeline-stuart-australia-16

Објавено:
5 јуни 2015
Категорија: 
Актуел