Оваа девојка фотографира женски нозе и ги објавува на Инстаграм!

9 јуни 2015

Талентираната и креативна фотографка Стејси Бејкер осмисли фантастичен проект кој за многу кратко време привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Нејзиниот проект ја слави убавината на женските нозе без разлика на тоа како тие изгледаат. Соработничката на Њујорк Тајмс прави фотографии од нозе на жени од различни страни на светот, кои ги среќава на улица или каде и да се појави.

„Отсекогаш сакав да имам долги нозе, манекенски, како оние на Кристи Тарлингтон! Нозете на девојките што ги фотографирам во рамки на овој проект, се различни - високи, куси, со облини, тенки или подебелки“, вели Стејси за Хафингтон Пост.

Таа признава дека овој проект и помогнал да си ја врати самодовербата, но и дека со истиот развеселила бројни жени кои ги имале истите несигурности како неа.

„Откако им ги покажав фотографиите од нивните нозе, многу жени ми рекоа дека изгледаат супер, а тоа е нешто навистина убаво да го слушнете“, вели Стејси.

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите од женските нозе што таа ги објавува на Инстаграм.

Објавено:
9 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија