Дизајнерката на накит Мелоди Исани се впушти во нова модна приказна овој пат со брендот Рибок, создавајќи го новиот женски модел на патики Reebok Classic Pump Omni Lite, а колекцијата го носи насловот „Love me or Leavme me alone“.
Патиките се совршени за ова пролетно време, бидејќи претставуваат вистинска експлозија на бои и „откачен“ принт. Всушност и самата дизајнерка е голем љубител на интензивните бои, а е првата жена која со Рибок работеше на редизајнирањето на овој модел на патики.
За да докаже дека женските патики, и покрај предрасудите, не мора да бидат розови, Classic Pump моделот го осмисли како нешто мозаично, нешто што ќе го носат силни и моќни жени. Зелена, сина и црвената боја се нагласено со помош на црната и белата, а се е зачинето со принтот на питон.
Врвките во различни неонски нијанси го комплетираат изгледот на патиката. Металниот натпис Love и малиот катанец да ја заклучи таа љубов, како моден додаток на Мелоди, но и омилените стихови на дизајнерката испишани во внатрешноста на патиките, ги прават овие обувки посебни.
Во продолжение погледнете како изгледаат новите тренди патики на Рибок и Мелоди.