Колекцијата на Галијано за мажи или жени? Одлучете вие!

22 јуни 2015

Во последно време некако навикнавме постојано да гледаме унисекс парчиња што може да ги носат и мажите и жените. Токму таква колекција направи секогаш откачениот Џон Галијано, под капата на модната куќа Мезон Марџела.

Андрогената мода дефинитивно зема сѐ поголем замав, но се чини во новата Галијано колекција отиде дури и чекор понапред.

Тој ја презентира новата колекција преку лукбук, за кој покрај манекенката Емили Евандер, го ангажираше и машкиот модел Роан Лух.

Кога двајцата се поставени еден покрај друг, речиси и да не се забележи дека има машко на фотографијата. На своите обожаватели Галијано им нуди унисекс колекција составена од широки панталони, развлечени џемпери, мантили во разни бои, фустани до колената, елегантни тоалети и што уште не.

Со оваа колекција за Марџела, Галијано потврди дека навистина стана дел од сржта на модната куќа која речиси секогаш сака да си поигра со дефиницијата на поимите.

 

 

Објавено:
22 јуни 2015
Категорија: 
Колекции