Белата боја е една од омилените во летниот период, но и не секогаш едноставна за комбинирање. Со само еден погрешен чекор, совршениот летен стајлинг може да се претвори во катастрофален.
Токму затоа во продолжение ќе ви посочиме на неколку совети и трикови:
- Дозирани модни додатоци
Кога носите фустан што го опфаќа и делот околу вратот, не претерувајте со модните додатоци. Тенок ремен ќе биде доволен да ја истакне половината и да го сврти вниманието кон вашите добри делови, а една до две алки ќе ја задоволат потребата од накит.
- Истакнете ги облините
Не стравувајте да облечете пенкало здолниште и да ги истакнете облините. Транспарентните материјали ќе го направат овој модел помодерен.
- Ракави и во лето
Доколку се чувствувате несигурни со разголени раце дури и во лето, постои совршена опција а тоа се ракави од тантела. Не само што нема да ви биде премногу топло, туку и ќе бидете во тренд.
- И панталоните се одличен избор
Но, со висок струк. Иако мислите дека е премногу топло за тоа, верувајте, доколку сакате добро да изгледате, панталоните со висок струк се идеални. Со нив комбинирајте широка маичка без ракави. А доколку не сакате премногу отворено деколте или кожата таму ви е чувствителна, одберете прикладен ѓердан. Може и во бела боја.
- Набори
Ако одберете фустан со набори кои поминуваат преку вашиот стомак, ќе ги сокриете недостатоците, а воедно и ќе добиете и подобра форма на половината.