Рита Ора во креација на босанската дизајнерка Danny Deluxe во новиот спот

26 јуни 2015

Во новиот спот Poison чија премиера се одржа неодамна, популарната пејачка Рита Ора се појавува во креација на босанската дизајнерка со германска адреса Danny Deluxe.

Во неколку сцени од видео записот, пејачката носи црно – бела блузичка од латекс комбинирана со куси, секси панталончиња од истиот материјал.

Имено, босанската дизајнерка и уметница Danny Deluxe е родена во Босна и Херцегодина, а во моментов живее во Минхен. Уште од раната младост таа била заинтересирана за моден дизајн и шминка, а како што минувале годините, таа своите идеи решила да ги претвори во реалност.

Кон почетокот на 2005 – тата година, таа креираше футуристички латекс маски, за пет години подоцна да почне да ја проширува својата дејност кон шапки и модни додатоци. Во 2010 – тата година, таа создаде ексклузицна high – latex модна линија, како и линија каде смести парчиња направени од обичен материјал.

Фотографија од Рита Ора и креацијата објавена на официјалниот Инстаграм профил на Мадона Фотографија од Рита Ора и креацијата објавена на официјалниот Инстаграм профил на Мадона

Нејзиниот талент брзо беше забележан од бројната германска, но и балканска публика, по што конечно дојде и првата светска соработка со пејачка каква што е Рита Ора.

Во продолжение, погледнете го спотот на Рита Ора и уникатната креација на ултра талентираната Danny Deluxe.

Објавено:
26 јуни 2015
Категорија: 
Актуел