Латекс - за или против?

9 јули 2015

Ким Кардашијан

Латексот беше доминантен во 1980-тите и 1990-тите, но ако судиме според модните комбинации на светските ѕвезди, тој се' уште опстојува на модната сцена.

Ким Кардашијан е првата ѕвезда од новото време која ја спојуваме со латекс. Досга имала повеќе изданија, во креации од овој материјал и тоа во различни бои. Тој е чест избор и на Лејди Гага, а за латекс се одлучија и Кајли Миног, Рита Ора, па дури и Кејт Бланшет.

За впечатокот што го остава креацијата од латекс не е само важен кројот и изгледот на истата, туку и начинот на кој се носи.

Во продолжение погледнете ја галеријата со ѕвезди што одлучија за модна комбинација од овој материјал и кажете ни, дали сте за или против латексот?

Објавено:
9 јули 2015
Категорија: 
Тренд