Мињоните се најдоа на насловна на Vogue

И Мињоните успеаја да се најдат на насловната на британското издание на Vogue, што уште еднаш само ја докажа нивната популарност и омиленост кај публиката ширум светот. Модната новинарка и критичарка Сузи Менкес за Vogue посочи на влијанието што овие мали и слатки суштества го имаат во историјата на модната индустрија. Токму по тој повод е направен и документарен филм, во кој за нивното модно влијание зборуваат Албер Елбаз, Доменико Долче и Стефано Габана, Стефен Џонс, уредничката на британски Vogue, Александра Шулман и други...

Објавено:
15 јули 2015
Прегледно:
43 пати