Таа е новото златно лице на Холивуд, една од најангажираните актерки од новата генерација, муза на Диор и идол на помладата публика. Џенифер Лоренс е исклучително харизматична, па нејзините незгоди што често и' се случуваа на црвениот килим, аудиториумот ги прифати како симпатични гафови за кои често знае да се насмее на своја сметка.
Затоа пак на истиот тој црвен килим секогаш изгледа раскошно и достојно ги носи луксузните брендови на себе. Но, она што е уште поинтересно е нејзиниот личен имиџ надвор од светот на гламурот. Тогаш таа е лежерна и кул девојка, која секогаш знае да направи одлична комбинација од наједноставни прачиња облека.
Често ја гледаме во искинат џинс, широки панталони и спортски маички, лежерни фустани, кратки панталоничиња или пак во женствени здолништа и фустани комбинирани со впечатливи детали.
Во продолжение правиме пресек на нејзиниот урбан „уличен" изглед во секојдневието надвор од студио.