20 начини да ја искомбинирате вашата тексас јакна за свежи летни ноќи

22 јуни 2022

Кога зборуваме за бесмртна класика во светот на ткаенините, не можеме а да не го споменеме тексасот. Овој материјал наоѓа неверојатно широка примена во модната индустрија, па денес, освен фармерки, кошули и јакни, ќе наидете и на тексас чевли, чанти, фустани, здолништа, па дури и корсети.

Но кога сме на темата „јакни", веќе извесно време можеме да забележиме дека широкиот крој на тексас јакни инспирирани од 90-тите години е назад во тренд.

Па, иако можеби јакната не е првото нешто што ќе ви падне на памет кога надвор е жешко, сепак треба да се земат предвид и оние моменти кога времето знае да изненади, особено навечер. Во такви мигови, едноставната тексас јакна е едно од најлесните и наједноставни решенија, благодарение на едноставниот и верситален дизајн кој изгледа добро дури и кога ќе се искомбинира со парчиња облека кои се стилски дијаметрално различни од она со што најчесто го замислуваме тексасот.

Па, доколку имате широка тексас јакна која стои и зафаќа простор во вашиот гардеробер, ова лето е шанса да ѝ дадете нов живот. А ние подготвивме 20 начини на кои можете да ја искомбинирате и секој пат да изгледате кул или елегантно.

 

Објавено:
22 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.008 пати