Моден водич: Тексас јакна во сите нејзини комбинации

17 февруари 2023

Како што се наближуваат топлите денови се повеќе размислуваме за освежување на стајлингот, а едно од парчињата што сигурно ќе сакаме да го вклучиме во ауфитот е тексас јакната.

Пролетта не може да се замисли без добра тексас јакна, а сезонава особено ќе се стави акцент на комбинациите џинс со џинс.

Тексасот важи за материјал кој што беше одговорен за модната револуција пред неколку декади. Долго време беше симбол на бунтовничкото движење и поп-рок културата.

Но, како што модните трендови еволуираа, денес тексасот го вклучуваме во поелегантни изданија, а не изостануваат и спортските комбинации.

Широките тексас јакни, коишто се тренд веќе некое време, многу добро се сложуваат со патики и широки кошули.

Освен класичната боја, можете да одберете и поколоритна варијанта, а доколку сакате детали тука се тексас јакните со разни дезени, натписи, беџови и монисти.

Во мода се и кратки и долги модели, а комбинации има многу- од долги фустани и класичен џинс, до широки пантолони и миди здолништа.

Еве неколку интересни идеи.

Фото: Pinterest

Објавено:
17 февруари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.612 пати