Како да комбинирате тексасна кошула

20 февруари 2014

Џинсот е еден од материјалите што никогаш не излегуваат од мода. И оваа сезона, а трендот ќе продолжи и на пролет, тексасните кошули ќе бидат едни од задолжителните парчиња.

Овие кошули се идеални за различни кобминации од едноставни и класични, до шик и опуштени.

Тексасната кошула комбинирајте ја со различни материјали. Иако и комбинирањето на џинс со џинс е дозволив, сепак комбинацијата со други материјали ќе придонесе да биде повпечатлива.

Освен со панталони, тексасната кошула можете да ја носите и како јакна - откопчана, со некоја интересна маица одоздола, а најдоброто од се е што со тексасот можете да комбинирате какви сакате бои.

Аксесоарите во никој случај не морате да ги исклучите, па одлично ќе се вклопат масивните гердани, особено оние кусите, за веднаш под јаката.

Тексасната кошула можете да ја комбинирате со лелеави здолништа, панталони во боја, долги здолништа, кожени панталони, фустани...

Сепак, внимавајте на едноставноста на обувките - сандалите, чизмите, балетнките се секогаш вистински погодок. Тексасната јакна пак, може одлично да ја искомбинирате со деловни комбинации.

Во продолжение, погледнете дел од комбинациите во продолжение и инспирирајте се.

Објавено:
20 февруари 2014
Категорија: 
Тренд