Кога мислиме на пролетен стил, една од првите асоцијации е и тексасната јакна. Времето сè уште не ни дозволува да се опуштиме комплетно, но сепак веќе е време да го подготвите ова модно парче за модни комбинации.
Оваа пролет тексасната јакна има разни облици. Може да носите куси модели, разресани, како недовршени.
Можете да носите класични, универзални модели на ова популарно парче.
Ако сте посмели, одлучете се за долгите модели, кои се вистински хит веќе две сезони наназад.
Исто така, можете да ја украсите тексасната јакна и да ја направите уникатна, а тоа може да го сторите со апликации, везени детали, бисери, интересни натписи....
Кога се комбинациите во прашање, нема ограничувања. Оваа јакна одлично се вклопува во лежерните и поспортски изданија, но еднакво е успешна и во поелегантни, со фустан.
Можете да ја носите и на работа, со здолниште и кошула или маица.
Џинс на џинс е дозволен и оваа пролет, па не стравувајте од комплетно таква комбинација.
Тексасните јакни оваа пролет се носат и асиметрично.
Од сето ова гледате дека сè што треба е да го прилагодите ова безвременско парче на вашиот стил и моден сензибилитет и да уживате во можностите што ви ги нуди.
А со оглед на тоа дека пролетта е годишното време кога сè се буди, разбудете ја и својата смелост и креативност и дозволете си понекогаш да излезете од шаблонот, барем оној модниот.
Во галеријата во продолжение погледнете ги предлозите од улична мода и инспирирајте се: