Со оглед на тоа дека е викенд и можеби ве очекува некоја забава или друг повод каде што ќе треба да се дотерате, нашиот денешен предлог е една шик комбинација со елегантна нота.

Долгото свилено здолниште со принт на пердуви ќе ја задоволи потребата за раскошност. Ние го комбиниравме со кус топ со долги ракави, што се вкрстува во долниот дел. 

Црни сандали со ременчиња се нашиот избор на обувки, а од модните додатоци, плик чанта во светлорозова нијанса и обетки во форма на пердуви.

Летно, елегантно, а сепак мошне тренди.

Ви посакуваме убав викенд! 

Објавено:
18 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.010 пати