Ова е плакарот што сака да го има секоја жена на светот!

Веројатно кога би ја прашале било која жена на светот, чиј плакар би сакала да го поседува барем на еден ден, одговорот дефинитивно би бил оној на Оливија Палермо. 

Токму таа, конечно ги отвори вратите на нејзиниот плакар, каде сосема очекувано, имавме можност да погледнеме многу дизајнерски парчиња што таа обожува да ги комбинира едни со други, многу чанти, модни додатоци и секако, неодоливи чевли! 

Беспрекорните комбинации на Оливија, се обожувани и од девојките уреднички на модната библија Вог, па токму една од нив ја имаше можноста да поразговара со прекрасната трендсетерка за тоа кои парчиња според неа се ИН оваа сезона. 

Целата приказна на Оливија не можеше да помине без таа да им посочи и открие неколку стилски тајни на нејзините обожавателки, а истото го гледате во видеото во прилог!

Објавено:
20 јули 2015
Прегледно:
2.669 пати