Знаеме дека е жешко и сè што носиме гледаме да е лесно и лежерно. Дури и кога се обувките во прашање. Апостолките се едни од омилените во летниот период, но не секогаш се прикладни.
Ова особено важи за машката популација. И не само апостолките. Било кои сандали или влечки што премногу ви ја откриваат ногата, не се добар избор за летните денови и тоа од повеќе причини.
Не се хигиенски. Правот и вжештените улици ќе придонесат вашите нозе, односно стапала, да не бидат ниту малку привлечни. За да носите отворени сандали или апостолки, треба да имате средени нозе, а неретко сме сведоци на поинаква глетка.
Иако се тренд на модните писти, сепак не се пожелни низ скопските улици.
Ваквиот тип обувки не се идеални и за модни комбинации. Колку и да имате совршено искомбинирани парчиња облека, обувките можат да уништат сè, особено ако се неприкладни апостолки или сандали.
Токму затоа, нашиот предлог се летни еспадрили, летни патики што наликуваат на еспадрили, летни мокасини...
Во продолжение еве и неколку идеи: