После речиси повеќе од една деценија, францускиот моден бренд „Сен Лоран“ се враќа во светот на високата мода.

Имено, дизајнерот Ив Сен Лоран во 2002 година ја прикажа последната couture колекција во Париз, по што се повлече од модниот свет.

Во 2012 година, на чело на брендот застана Хеди Слиман, кој сега одлучи креативниот процес за моделите од висока мода се одвива во Hotel de Senecterre, здание од 17-от век. Клиентите ќе можат да ги пробуваат парчињата во големиот салон, а внатрешноста содржи и посебни оддели за кроење и шиење. Токму во оваа стара градба е направена и новата кампања на куќата.

Од брендот велат дека нема да се задржат само на женската мода, но не планираат ревија со вакви парчиња. Она што го ставаат во центарот се рачно изработени креации за приватни клиенти и познати личности, како филмски ѕвезди, музичари, а облеката може да биде и дневна и вечерна.

Лично инволвиран ќе биде и Слиман, кој ќе одредува на кои од парчињата ќе се најде рачно извезената етикета на брендот. Нарачките строго ќе се евидентираат во златната книга на „Сен Лоран“, со што модната куќа сака да понуди поексклузивна понуда.

Објавено:
29 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
212 пати