Дали Сен Лоран се враќа на сцената од висока мода?

30 август 2013

 

Според гласини во модните кругови креативниот директор на Сен Лоран, Хеди Слиман подготвува  ново студио кое се отвора во Париз, со цел повторно да  заживее  високата мода во рамките на овој бренд. Минатиот месец Слиман за париски Вог  изјави дека:

„Високата мода е легитимна тема за Сен Лоран која може да продолжи еден ден“.

 

 

И се чини дека подготовките се веќе во тек. Во новото интервју Слиман откри дека новото студио и атељето кои се реновираат во Париз се со цел повторно оживување на модните операции во рамките на брендот. По назначувањето за креативен директор, Слиман вработи техничари за мода, за креирање на ready-to-wear колекции. Ако се навратиме назад во архивската историја ќе констатираме дека нема кој не ги памти спектакуларните ревии на овој моден магнат. Сепак портпаролот на Сен Лоран одби да коментира за било какво заживување на високата мода во рамките на овој бренд.

 

Објавено:
30 август 2013
Категорија: 
Актуел