Четврток во принт
•
30 јули 2015
Претпоследниот ден од работната недела обојте го во најубавите принтови од вашиот плакар! Носиме здолниште со мотиви од нашиот омилен град и го комбинираме со едноставна маичка на пруги. Комбинацијата истакнете ја со едноставни црни балетанки, црвена мини чантичка и накит во елегантна сребрена боја што одлично ќе се вклопи.
Уживајте во претпоследниот ден од работната недела!