Пејачката и една од омилените американски ИТ девојки, Гвен Стефани се разведува од нејзиниот сопруг Гевин Роздејл по цели 13 години брак.
Двојката важеше за една од омилените во САД, а заедно имаат и три деца – Кингстон, Зума и 17 месечниот син Аполо.
Во заедничка изјава за американските медиуми двојката изјави:
„Иако и двајцата донесовме заедничка одлука повеќе да не бидеме партнери во бракот, тоа дефинитивно не значи дека нема да бидеме партнери во одгледувањето на нашите тројца синови во здрава и среќна околина“, изјави двојката.
Гвен и Гевин последен пат беа видени заедно на прославата на 4 – ти јули кај родителите на нејзиниот сопруг во друштво на нивните слатки синови.
Двајцата музичари кои секогаш сакаа да ја држат врската во тајност, почнаа да излегуваат во 1995 – тата година кога No Doubt беа на британска турнеја.
Бракот на двојката се разниша во 2004 – тата година кога во јавноста беше пласирана информацијата дека Гевин ја имал ќерката Дејзи Лав од претходната врска со британската дизајнерка Прл Лав.