Козметичките кампањи низ годините

18 јули 2013

Во продолжение погледнете ги сите периодичните промени низ кој се претставени разните мејкап трендови, влијанието на сексуалната револуција и успешните маркетиншки трикови.

Шанел 1921

Пред да почне да се употребува фотографијата како експресија се користеле илустрациите.  Една од најуспешните е илустрацијата за парфемот на Шанел бр. 5, кој е едно од трите култни достигнувања на фамозната Коко Шанел.

Мејбелин 1930

Оваа реклама на Мејбелин покажува дека без разлика на старосната граница, секоја жена може да има убава кожа

Севиџ  1935

Драматична арт деко фотографија за промоција на новиот кармин на Севиџ.

Макс Фактор 1940

Актерката од филмот „Волшебникот од Оз“,  Џуди Герланд како дел од реклама за руменило.

Макс Фактор 1941

Уште една холивудска актерка како дел од рекламната кампања за промовирање на руменило. Станува збор за глумицата Мерл Оберон.

Ревлон 1950

Гламурозна кампања за нова мејкап линија која ветува изглед според кој секоја жена ќе изгледа помладо за 5 години.

Елизабет Арден 1951

Монохроматска кампања на Елизабет Арден за рекламирање на новиот црвен кармин.

Авон 1956

Реклама за новите производи на Авон кои може да се купат исклучително преку нивни претставници.

Мејбелин 1960

Реклама на Мејбелин за новата маскара.

Алур 1960

Црно маче како инспирација за новата реклама за вештачки трепки на Алур.

Ревлон 1973

Најпознатиот парфем на брендот „Charlie girl“ е инспириран од независноста на жените и либерализацијата во модната индустрија,. Токму поради тоа, на сликата е претставена девојка која носи фармерки.

Клиник 1970

Брендот користи едноставна илустрација за рекламирање на новите производи посветени за нега на кожата.

Кристијан Диор 1972

Илустрација за новиот парфем на Кристијан Диор „Diorella“, изработено од Рене Груа.

Кристијан Диор 1972

Уште една илустрација од Рене Груа за парфемот „Miss Dior“

Макс Фактор 1972

Реклама за новиот водоотпорен римел.

Ив Сен Лоран

Рекламата за парфемот „Опиум“ предизвика контроверзност поврзана со тоа дека дизајнерот на Сен Лоран конзумирал дрога.

Мејбелин 1980

Кампања за новата линија лакови за нокти.

Мејбелин 1991

Реклама за новиот римел на Мејбелин за која беше ангажирана супермоделот Кристи Тарлингтон.

Кристијан Диор 1993

Препознатливата рекламна кампања на Диор за линијата кармини и лакови за нокти „Rouge“.

 

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Убавина