Доколку сакате нешто оригинално и уникатно, а истовремено прaктично и ефтино, тогаш направете еколошки обетки.

За изработка ќе ви требаат:

-          Пластично шише

-          Ножици

-          Свеќа

-          Скалпер

-          тенка жица

-          кука за обетките

-          синџирчиња

-          шљокици

-          клешти

Земете пластично шише, на пример шише од јогурт, исечете му го дното и делот кај затворачот. Исечете ги во кружна форма по 5 за секоја обетка.

 

 

Запалете свеќа и изгорете ги рабовите од пластичните кругови, а потоа исплакнете ги со вода бидејќи пластиката ќе почне да испушта дим.

 

Во средината на круговите направете дупка за да можете да ја протнете жицата.

 

Исечете две еднакви жици и провлечете ги низ пластичните кругчиња од најголемото до најмалото. Протнете ја жицата низ шљокиците и зацврстете ја со клештите.

 

Закачете ги синџирчињата и на крај ставете ја куката и еколошките обетки се спрмени за носење.

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Направи сам