Еколошки и практично: Како да ги искористите пластичните шишиња?

4 јуни 2020

Светот се гуши во нашето ѓубре. Па најмалку што може да направиме, е да бидеме свесни за тоа и да делуваме еколошки, за да го намалиме понатамошното загадување. Постојат многу начини како да го редуцираме загадувањето, а еден од оние на микро ниво, што секој од нас може да го примени во своето секојдневие, е пренамена и рециклирање на производите што секојдневно ги користиме.

Едно пластично шише може да биде пренаменето во над 30 различни, креативни верзии.
Со мала посветеност и добра идеја, пластичното шише може да се трансформира во саксија, хранилка за птици, држач за чадор или ќеси, цедилка...

Ако немате претстава како тоа може да го реализирате, погледнете го видеото во продолжение, каде се прикажани над 30 начини како пластичното шише може да добие бројни други функции.

Објавено:
4 јуни 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
649 пати