Џулија Робертс: Гушнете се самите себе!

3 септември 2015

Неодамна, генијалната Џулија Робертс на својата фан страна на фејсбук објави охрабрувачки став со осврт на „болестите" на новото време. Пораката е пропратена со нејзина фотографија, на која изгледа природно, без шминка и фотошоп.

Силните зборови и јасната порака, инстантно го обиколија светот.

„Совршенството е болест на нацијата. Ние ги оптеретуваме нашите лица со многу шминка. Ние ставаме ботокс и се изгладнуваме себе си само за да стигнеме до совршена линија. Ние се обидуваме да го поправиме нештото, но не можеш да поправиш нешто што не можеш да видиш. Тоа е само вашата душа на која и треба хируршки зафат. Сега е моментот кога треба да имаме став. Како може да очекувате некој да ве сака ,ако вие самите себеси не се сакате? Вие треба да бидете среќни со самите себе. Не е важно како изгледате однадвор, важно е како се чувствувате одвнатре. Тоа што е во вас самите се брои . Денес сакам да споделам со вас фотографија која нема грам шминка. Знам дека имам брчки на моето лице, но денес сакам да не гледате во нив. Сакам да ја сакам вистинската Џулија, сакам вие да се сакате себе си какви што сте и да се гушнете силно", порача Робертс.

Објавено:
3 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.079 пати