Последниот ден од работната недела поминете го во урбана комбинација составена од широки искинати фармерки и зелена удобна маичка на куси ракави. Комбинирајте го со сандали во нежна, крем нијанса со ремчиња и мини чантичка со цветен принт. Бидејќи обетките со реси сѐ уште се голем тренд, одберете токму такви во темно црвена боја и разиграјте ја денешната комбинација.

Ви посакуваме прекрасен петок! 

Објавено:
4 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.449 пати