Веќе ве известивме дека во тек е 72 – рото издание на Венецискиот филмски фестивал, а денеска ви ги презентираме најубавите фустани од втората вечер.

Во центарот на вниманието вчеравечер беше премиерата  на филмот „Spotlight“ кој раскажува приказна за детско злоупотребување и прикривање на масивниот скандал.

Дел од актерската екипа се појави и на црвениот килим, а меѓу нив најголемо внимание предизвикаа секако Марк Руфало и Стенли Туки кои пристигнаа заедно со нивните сопруги кои се одлучија за гламурозни тоалети.

Стенли Туки

Покрај нив, дефинитивно најголем впечаток остави прекрасната манекенка Алесандра Амбросио која вториот ден одлучи да се појави во секси црн фустан со длабоко деколте и многу транспарентни делови.

Покрај неа, вистинска убавица беше ѕвездата на годинешното издание Елизабет Бенкс која за вториот ден одбра секси цветен фустан на Ели Сааб, со деколте и длабок шлиц на ногата.

Во галеријата, погледнете ги сите останати фустани и комбинации во кои ѕвездите се појавија на вториот ден на Венецискиот филмски фестивал.

Објавено:
4 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.954 пати