Иако не би требало, сепак неретко се случува да видиме познати ѕвезди во иста креација. Овој пат тоа им се случи на Пријанка Чопра и Бела Торн.

Смелата, металик мрежеста креација од брендот „Philosophy di Lorenzo Serafini“ беше изборот на Пријанка на годинашното издание на Канскиот филмски фестивал, односно на една од забавите.

Длабокото деколте, отворениот грб со вкрстени прерамки и високиот шлиц, како и транспарентноста на ткаенината го прават фустанот ни малку едноставен за носење. Но, сепак и двете изгледаат убаво во него.

Пријанка го комбинираше со впечатливи обетки и црна долна облека, како и црни чевли. 

Бела Торн пак го носеше на годинашното издание на Венецискиот филмски фестивал во септември. Таа на црвениот килим се појави самоуверено, со беж долна облека, со што уште повеќе ги привлечепогледите кон себе.

Го искомбинира со впечатлив ѓердан и сандали со ремче.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
7 ноември 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
5.066 пати