Целата кампања на H&M и Балман

26 септември 2015

Во повеќе наврати се зборуваше на бум соработката на модната куќа Балман со уличниот бренд H&M. Младите модни ѕвезди Џиџи Хадид и Кендал Џенер се главните лица на кампањата која се откриваше дел по дел.

Комплетната кампања е конечно достапна цела. Покрај Џиџи и Кендал, се појавува и убавата Џордан Дан, како и машките модели Хао Јун Ксианг и Дудли О'Шаугнеси.

Зад фотографиите се потпишува модниот фотограф Марио Соренти. Од прикажаното може да се види дека H&M и Балман ни прогнозираат сезона полна со бои и сексапил. Од 5-ти ноеври колекцијата ќе биде достапна во дуќаните ширум светот.

Објавено:
26 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
кампања H&M Балман