Конечно објавен целосниот лукбук на Балман и H&M

15 октомври 2015

Одличната маркетинг стратегија на релацијата Балман – H&M , со постепеното најавување на нивната заедничка колекција, резултураше со постојано присуство на двата бренда во медиумите, со оглед на тоа дека се откриваше едно по едно парче од нивната соработка.

Конечно деновиве се објави целосниот лукбук во кој ќе може да се види комплетно заедничката линија на шведскиот гигант и еден од најпопуларните брендови на денешницата зад кој стои младиот и инвентивен креативен директор Оливие Рустенг.

Без изненадувања, колекцијата е олицетворение на се она што е Балман. Во секој детаљ се препознава дизајнерскиот печат на Рустенг: панталони од сатен, мини фустани што ја следат женската силуета, ремени околу струк, крзнени палта, блејзери украсени со ситни детали, златни копчиња и алки...
Сигурно некои од парчињата веќе и ќе ги препознате со оглед на тоа дека миленичките на Рустенг, Кендал Џенер и Џиџи Хадид на нивните профили на Инстаграм постојано објавуваат фотографии на кои тие се облечени во парчиња од нивниот омилен дизајнер.

Добрата работа е што благодарение на оваа соработка, сега парчињата што го носат дизајнерскиот дух на Балман ќе бидат достапни и за широката маса потрошувачи. Петти ноември е датата кога ќе бидат пуштени во продажба.

 

Објавено:
15 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.846 пати