Вториот ден од работната недела поминете го супер црно – бела комбинација составена од шик здолниште со висок струк комбинирано со бела кошула. Бидејќи времето веќе е совршено за јакни, денеска одберете црна кожна рокерка која ќе ѝ даде шик димензија на комбинацијата. Носиме и црни чизмички до глужд и чанта во иста боја, косата е во плетенка, а обетките со пердуви!

Уживајте во есента.

Објавено:
29 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.226 пати