Вторник во елегантна комбинација
•
3 ноември 2015
Вториот ден од работната недела поминете го во елегантна комбинација составена од сиви женствени панталони и бела кошулка со црна панделка. Бидејќи наутро температурите се пониски, задолжително облечете го и ова карирано капутче. Комбинацијата стилизирајте ја со лаковани чизмички во црна нијанса, зимска шапка и сладок розов кармин.