Карл Лагерфелд викендов организираше блескава забава по повод отворањето на изложбата „Mademoiselle Privé“ во галеријата Сачи во Лондон.

Сосема нормално, на забавата пристигнаа некои од најголемите ѕвезди во модата и шоу – бизнисот, облечени во супер шик парчиња од Шанел.

Попи Делевињ

На врвот на листата најдобро облечени се најде ИТ моделот Кара Делевињ, која се одлучи за едноставно црно фустанче со тенки прерамки, елегантно ланче со брош и секси шминка и фризура.

Голем впечаток на забавата остави и ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили – Роуз Деп, која се одлучи за светло виолетово фустанче од сатен, украсено со кристали во горниот дел.

Вистинска шик девојка беше и пејачката Рита Ора која одбра интересно здолниште со пердуви и бела кошула од брендот.

Како и секогаш, неверојатна дама беше и единствената Џулиен Мур која се одлучи за фустан и палто во црно – златна нијанса.

Во свој стил, на забавата се појави и домаќинот Карл Лагерфелд, кој ги запозна гостите со сите вредни предмети и фотографии што можеа да се видат на изложбата.

Погоре во галеријата, погледнете ги сите неодоливи стајлинзи на холивудските дами.

Објавено:
13 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.023 пати