Шанел ресорт кампања со совршени парчиња
•
20 октомври 2015
Конечно е објавена ресорт кампањата на Шанел за 2016 – та година во која главните улоги ги толкуваат прекрасните модели Шарлот Фри, Стела Лусиа и Кити Хејс.
Ресорт колекцијата на Шанел е преполна со неодоливи принтови инспирирани од корејскиот дизајн, а Лагерфелд смести и шармантни романтични фустани, нивните добро препознатливи чантички и бројни пастелни нијанси.
Секако, од колекцијата не се изоставени ниту познатите Шанел палта, кусите здолништа во јаки бои, но и колоритните фустани од твид.
Повеќе од сигурно е дека оваа колекција ќе биде омилена меѓу трендсетерките и романтичарките кои ги обожаваат дизајните на големиот Лагерфелд и единствените Шанел.