Иако пред нас се студени денови, тоа не значи дека не треба да им посветиме доволно внимание на ноктите како што тоа го правевме во лето.
Деновиве на Инстаграм се појави нов тренд кај маникирот за кој е „виновна“ Еун Кунг Парк, чиј салон Unistellа е ултра популарен во Јужна Кореја.
Трендот е наречен „стаклен маникир“, а секако, не се прави со помош на стакло, туку е многу едноставен.
На нокот премачкан со лак, претежно во нежна боја, внимателно се ставаат парчиња целофан што овозможуваат да се добие тој ефект на стакло или големи дијаманти.
Со оглед на популарноста што ја доживеа овој маникир, сега постојат и налепници за нокти што ќе ви го олеснат трудот, а визуелно изгледаат подеднакво исто како оригиналот.
Овој маникир е огромен хит во Кореја, а со оглед на тоа што голем број познати модни магазини веќе го предлагаат како тренд, прашање на време е кога истиот ќе може да си го направиме и кај нас.
Иако не сме големи обожавателки на маникирот, мора да признаеме дека Инстаграм профилот на оваа девојка целосно нѐ освои!