Нокти со мотиви на желка се ултимативен хит оваа есен

30 септември 2019

Откако ги пробавме сите можни варијанти на светлите нијанси во текот на летото, сега е вистинско време да ги украсиме нашите нокти со нешто поегзотично и мистично.

Познатите куќи за убавина веќе навестија кои се трендовите кај маникирот оваа студена сезона, а истите не можат да бидат поубави.

Омилените животински принтови кои досега ги носевме на облеката и накитот, сега се пресликуваат на ноктите и изгледаат фантастично.

Поточно, станува збор за принтот со наслов „tortoiseshell“ или мотиви на желка, кои иако можеби изгледаат доста впечатливо, истите се супер шик.

Основата најчесто е некоја неутрална варијанта, а потоа се украсуваат со интересни детали или пак се бои половина нокот во боите на желката.

Речиси секогаш мотивите се во земјени тонови, па токму поради тоа се совршени за студената сезона во комбинација со парчињата за кои веќе знаеме дека се хит.

Девојките ги обожаваат, а на фотографиите можете да најдете совршена инспирација за есенски маникир, или повеќе фотографии со хаштагот #tortoiseshell на Инстаграм.

Инфо и фото: Boonjour.ba

Објавено:
30 септември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
366 пати