Плакарот на супербабичката Беди Винкл

20 октомври 2015

Љубителите на Инстаграм веројатно веќе добро ја познаваат Беди Винкл. Оваа супербабичка сите ги освои со својата позитивност, „откаченост“ и желба за живот.

Овој пат пишуваме за нејзиниот плакар и работите што сака да ги носи. И покрај тоа што има 87 години, многу помлади можат да ѝ позавидат.

-Не размислувам за годините. Не е добро кога размислувате за стареењето. Едноставно уживам и се забавувам секој ден од животот, затоа што секој ден е подарок – вели Винкл.

Всушност Беди Винкл е нејзиното Истаграм име, кое е добиено од Bad Gradnma’ (лоша бабичка) и нејзиното презиме Ван Винкл.

-Во моментов најмногу сакам да носам син џинс кој има светки насекаде и таква јакна. Ја обожувам таа комбинација. А и сите околу мене – открива супербабичката.

Таа додава дека советот што на сите им го дава е да го живеат животот секој ден и да бидат љубезни и внимателни кон секого.

А што ѝ се допаѓа најмногу кај Беди Винкл, ќе каже:

-Сè! Сакам што запознавам луѓе. Сакам да патувам. Едноставно сакам што сум Беди Винкл и сè во врска со тоа ми се допаѓа.

Емотивно е врзана за нејзиното палто од ласица.

-Тоа е најемотивното нешто што го поседувам. Го имам со години наназад, но сè уште е многу треди и стилско. Ми се допаѓаат модерни парчиња. Отсекогаш сум ги следела трендовите. Која и година да е во прашање, јас се трудев да бидам во чекор со актуелните трендови – вели Инстаграм ѕвездата.

А еден нејзин обичен ден изгледа отприлика вака:

-Станувам и пијам кафе, како и сите други. И пушам неколку цигари. Разговарам со внука ми и мојата правнука, ако е станата. Тоа е она што го правам наутро. Потоа се подготвувам за денот. Ако сум дома, тогаш правам секојдневни работи. Си ја чистам собата, го местам креветот, нормални работи како и сите други, како цел свет. Значи, така изгледа еден обичен ден во мојот дома. А се трудам и да работам малку вежби. И готвам. Најчесто јас го правам ручекот и вечерата. Навечер најчесто гледам телевизија, освен ако не одиме некаде. Знаете, понекогаш излегуваме, да купиме нешто и слично... Но, најчесто сум дома. Малку гледам телевизија, малку  читам, малку си играм во мојот телефон и мојот ајпад. Потоа, се подготвувам за кревет и околу 22 часот сум веќе подготвена да им кажам на сите добра ноќ и да одморам.

Популарноста на Инстаграм ѝ донесе познанства со неколку познати ѕвезди.

-Највозбудливата личност што некогаш сум ја запознала е Мајли Сајрус. Најкул место на кое сум патувала е Лас Вегас. Сакам да одам таму. Кога достигнав да имам милион следбеници, бев во Њујорк на премиерата на Organge is the New Black. Токму во моментот кога бројката се смени во еден милион, јас се дружев со актерската екипа на шоуто. Тогаш сфатив дека успеав. Беше надреално дека сè ова што правам добива оформен круг. Меѓу моите познати следбеници се Мајли Сајрус, Дрејк и Ријана.

Објавено:
20 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
585 пати