Стилски двобој: Викторија Бекам или Клер Дејнс?

24 октомври 2015

Во денешниот стилски двобој одбравме две познати жени, една бринета и една русокоса, но ги врзува иста креација. 

Непосредно по претставувањето на Ресорт колекцијата за 2016 година, Викторија Бекам се појави во своја креација. Се работи за фустан на преклоп во розова нијанса, кој на едната страна има шлиц. Дизајнерката избра сини Маноло чевли да го надополнат изгледот.

Викторија Бекам

Но, истиот тој фустан ѝ го привлече и вниманието на актерката Клер Дејнс, која се одлучи да го носи на гостувањето во емисијата Late Show with Stephen Colbert, во почетокот на месецов. Таа пак, го искомбинира со сиви сандали и клач чанта со потпис на Нарцисо Родригез.

Клер Дејнс

Кој е вашиот впечаток, на кого подобро му стои фустанот?

Објавено:
24 октомври 2015
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.847 пати