Стилски двобој: Џеј Ло или Рири?
•
11 мај 2016
Чизмите дизајнирани од Ријана, а во соработка со Маноло Бланик привлекоа големо внимание уште со самото појавување. Но, новиот спот на Џенифер Лопез за песната „Ain’t your mama“ уште повеќе ја зголеми популарноста.
Ријана за првпат ги промовираше во априлското издание на американски „Вог“, а цената им е речиси 4.000 долари.
Токму тие две се и во денешниот стилски двобој. Рири своите чизми ги носеше на прошетка низ Њујорк, ги искомбинира со маица со линкот на Лејди Ди, кратки тексасни панталончиња, и кожена јакна.
Џеј Ло пак во спотот ги стави во прв план, комбинирајќи ги со бел комбинезон.
Иако Ријана ѝ ги прати чизмите на Џенифер, со порака: Мислам дека тебе подобро ќе ти стојат, според вас, која подобро ги носи „Маноло“ чизмите?