Стилски двобој: Оливија Палермо или Јасмин Ле Бон

6 ноември 2015

Во денешниот стилски двобој одбравме две дами што се одлучија за иста креација од брендот „Прин“.

Оливија Палермо го носеше овој цветен фустан на промоцијата на нејзината козметичка линија во Даблин. Таа го искомбинира фустанот со црвени чевли, златен ѓердан и син ремен.

Оливија Палермо

Јасмин Ле Бон одлучи да блесне во овој фустан на настанот Red Women of the Year Awards што се одржува во Лондон. Таа пак му даде сосема нов лик, комбинирајќи го со чизми до глужд во кафена нијанса. Аксесоарите ги сведе на минимум одлучувајќи се за клач чанта во слична нијанса и златна алка.

Јасмин Ле Бон

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
6 ноември 2015
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.180 пати