Новогодишна елка од „Барбери“

29 октомври 2015

Секоја година во ноември, легендарниот лондонски хотел Claridge’s ги најавува божиќните и новогодишни празници со елка што ја осмислува некој од познатите дизајнери.

Оваа година за новогодишната елка е задолжен Кристофер Бејли. Тој ќе биде првиот Британец ангажиран за оваа цел, а ќе го направи тоа во име на куќата „Барбери“.

Долче и Габана

Минатата година елката ја украсија Долче и Габана, а претходно и Џон Галијано за „Диор“, како и Албер Елбаз за „Ланван“.

Џон Галијано

Ланван

-Божиќ е еден од моите омилени периоди во годината, така што бев навистина воодушевен кога ме замолија да ја дизајнирам божиќната елка за хотелот што ја слави радоста. Сакавме дрвото да ја рефлектира разиграноста на претстојната сезона во духот на англиското време. Исто така, ми се допаѓа идејата елката доаѓа во нашиот живот само привремено, што дава некаква магија во нивното присуство – вели Бејли.

Со нетрпение го очекуваме резултатот од оваа соработка.

Објавено:
29 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.332 пати