И „Диор“ се подготви за Божиќ

20 ноември 2015

Празничните кампањи се во ек, а „Диор“ ги подготви новите козметички производи, за кои велат се идеални за овој период од годината.

Божиќната колекција на овој бренд според првите реакции е вистинско мало совршенство. Тие и овој пат останаа доследни на својот имиџ, во кој ги имплементираа сензуланите нијанси на црвен кармин, лакови и металик сенки идеални за славеничко расположение и изглед.

Во луксузното пакување, идеално за празничен подарок, се наоѓаат вистински козметички богатства, што веруваме би ја развеселиле секоја жена. 

 

Објавено:
20 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
977 пати