Конечно стигна едиторијалот со кој ќе се развеселат сите оние што се разочараа од календарот на Пирели за следната година.

Францускиот магазин Lui ја почна празничната сезона со едиторијал од прекрасни 12 страници со модели кои позираат топлес, а средствата од продажбата на бројот ќе одат во фондациите за борба против ракот на дојка.

Ова збогатено издание на магазинот ќе се однесува на два броја, односно истото ќе биде наменето за декември/јануари, а ќе има дури 12 различни насловни со сите фотографирани девојки.

Дел од магазинот ќе бидат прекрасната Амбер Валета, Ања Рубик, Каролин Марфи, Дариа Строкоу, Едита Вилкевичуте, Изабели Фонтана, Џордан Дан, Лара Стоун, Малгоса Бела, Мариакарла Босконо, Наташа Поли и Тони Гарн.

Во продолжение, погледнете ги прекрасните девојки и нивните топлес изданија.

Објавено:
7 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
631 пати